Најголема база на бесплатни фонтови со македонска кирилица.

211 фонтови · 385 стилови

Внимателно одбрани и целосно бесплатни фонтови од независни автори и типографски студија. Базата постојано ќе расте и ќе се додаваат нови фонтови. Пред преземање и користење, особено комерцијално, провери ја лиценцата. Дезен мк ги проверува сите детално пред објавување, меѓутоа не гарантира право на употреба за секоја намена и не презема одговорност за прекршување на лиценцните услови.

ТИПОГРАФСКИ ТЕСТ Внеси свој текст и испробај го низ целата колекција
50 px

Се вчитува колекцијата…

ПРИКАЗ
ЗА ПРОЕКТОТ

Архива од љубов
кон кирилицата.

211достапни фонтови
31македонска буква
385вкупно стилови

Дезен мк почна како мал простор за големи идеи, добар дизајн, интересна типографија и букви со став. Со текот на времето, социјалните мрежи станаа многу гласни, и затоа ги оставив целосно, но љубовта кон убавите букви остана.

Затоа решив да им дадам на фонтовите место што навистина го заслужуваат. Без алгоритми, без бескрајно скролање и без барање по стари објави. Само добри фонтови со мк поддршка, на едно место, достапна за сите.

Разгледај, комбинирај, експериментирај. Преземи фонт, напиши нешто свое, направи нешто ново. Нека буквите работат за тебе.

Дезен мк е независен проект на @danijanev, создаден од љубов кон македонската кирилица.